Вести Свет Топ вести

Речиси 1.000 убиени лица и над 5.000 ранети во израелските воздушни напади врз Газа

Палестинското Министерство за здравство со кое раководи Хамас соопшти дека околу 950 Палестинци се убиени, а уште 5.000 се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа од саботата.

Израелските одбранбени сили соопштија дека убиле околу 1.500 палестински терористи на израелска територија, откако Хамас почна напад врз израелските погранични заедници, убивајќи повеќе од 1.000 луѓе и заробувајќи уште десетици.

Министерството за здравство на Израел информира дека до денеска – на 3.007 повредени лица им била укажана медицинска помош во болниците низ Израел од почетокот на војната во саботата наутро.

Во овој момент, 471 остануваат во болница од кои 109 во тешка состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе