Вести Економија

Пад во трговијата на мало со храна, пијалаци, горива

Во трговијата на мало, во август годинава во споредба со август минатата година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано само кај номиналната стапка во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 3.9  проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, кај останатите групи е забележан пад и на номиналната и на реалната стапка и во: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4,7  проценти, а реално за 12,9  проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 0,6 проценти, а реално за 8,2 проценти) и во Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 18,8 проценти, а реално за 9,8 проценти).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе