Вести Економија

Индустриското производство во август со пад од 5,1 процент на годишно ниво

Индустриското производство во август годинава во однос на август минатата година е намалено за 5,1 процент, а во периодот јануари – август годинава во однос на периодот лани е зголемено за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во август годинава во однос на август лани, индустриското производство бележи опаѓање во секторите Рударство и вадење на камен, од 8,5 проценти, и во Преработувачка индустрија,  од 5,5  проценти, а пораст во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 5,7 проценти.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во август 2023 година, во однос на август 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 1,1 процент, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,5  проценти, Капитални производи за 7,7 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 26 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8  проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втора победа на Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон, ја дели уште една до главниот турнир

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе