Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер го пречекува Кил: Битолчани мораат подобро во елитата

Еурофарм Пелистер денеска од 18:45 часот го пречекува Кил во рамки на 3.коло во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак имаше разочарувачки настапи против Колстад и Олборг во првите две рунди, па против германскиот гигант ќе се обиде да го поправи впечатокот.

Избраниците на тренерот Александар Јовиќ беа лесен залак за двата скандинавски ривали и на двата натпревари запишаа убедливи порази. На домашен терен загубија од Колстад со 22-31, а потоа на гости кај Олборг беа поразени со 38-23. Во ниту еден момент од двата натпревари, Пелистер не даде достоен отпор, ниту пак им правеше проблеми на ривалите.

Сега доаѓа пресметка со уште еден гигант од европската ракометна сцена. Кил стартуваше со две победи во групата А, против Пик Сегед и против Загреб. И во овој натпревар во Битола влегува како голем фаворит, а Пелистер има за задача да биде на своето најдобро ниво.

Играта и резултатите во елитата мора да се подобрат, бидејќи треба да се зачува и рејтингот на македонскиот клупски ракомет. Во прилог на битолчани не оди ни фактот што се најнеефикасниот тим од сите 16 тимови во елитата со само 45 голови на два натпревари.

Тренерот Јовиќ изјави дека знае каде греши тимот и дека неговите играчи ќе се обидат да ги поправат грешките. Двете победи во Суперлигата против Мулти Есенс и Голден Арт ја кренаа атмосферата во тимот, но денеска ќе видиме дали тоа е доволно за подобра претстава против Кил или можеби сензација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе