Новата работна седмица ќе ја отпочнеме со умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на некои места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и услови за појава на невреме, ова особено се однесува на западните делови каде процесите ќе бидат поинтензивни. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.
Во Скопје променливо облачно, особено од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmamete
