Вести Економија Македонија

Цените до плафон, институциите не можат да се договорат кој треба да ги контролира

Иако, дел од  владините представници извесен период зборуваат во јавноста дека цените се високи, затоа што трговците прават притисок врз производителите и дека одредени фирми се однесуваат не фер, од Комисијата за заштита на конкуренцијата тврдат дека тие самоиницијативно и по допрен глас, не може да ги проверуваат трговците дали ги договараат цени. По критиките од министерот Бектеши, дека Комисијата  до сега не поднела никаква преставка, претседателот Наумовски вели дека  тие не го прават тоа, туку постапуваат по нив. Но, до сега ниту еден министер или институција не приложила ваков документ, по кој тие би постапиле.

-Јас од јавното информирање слушнав дека се прават анализи од тоа може ќе излезе некое сознание од некое министерство или од инсититуција би стигнале имиња на кои се сомневаат дека се прават штетни договори, вели Владимир Наумовски, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Во законот за надлежности на Комисијата пак во членот 32 стои дека Прекршочна постапка Комисијата поведува и по службена должност.
Наумовски вели дека со министерот Бектеши имале добра комуникација, која не е прекината, но не е ниту продолжена. Тврди дека околу корона кризата, неколку фирми биле казнети,  затоа што картелски договарале цени, но не ги откри имињата на компаниите.

-Најдовме договор има фирми кои не знаат дека е забрането договарање цени, вели Наумовски.

Со стартот  на летото, цените значително се зголемија особено кај овошјето и зеленчукот. Дали и какви мерки ќе има против поскапиувањето е неизвесно. Иако, бизнисот е против ограничување на маржите и замрзнување на цените, премиерот Ковачевски вели,  дека мерки ќе има и најверојатно тие повторно ќе бидат околу маржите. Но, потврди  дека ќе има проблем  и со млекото поради војната во Украина, за што утре ќе разговара со министерот за земјоделство Николовски.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе