Вести Економија Топ вести

Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода

Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода. Високите температури и дождови причина за појава на болести и штети на земјоделските култури, а кај некои од нив какошто велат има и до 100 посто. Посочуваат дека годинава ќе има слаби приноси на грозјето, а со слаб квалитет и приноси се житата, а истото се очекува за кочанскиот ориз и ресенското јаболко.

Се нансеоа катастрофални штети од поплави, болести, а имаше и присуство на град. Веднаш потоа имавме енормно високи температури што дополнително ги отежнаа условите за производство. Сега сме сведоци на сериозни оштетувања. Кај некој култури има забележано од 50 до 100%. Сега земјјоделците се наоѓат во една многу деликатна ситуација. Буквално не можат ни да ја поминат сезоната„ вели Ѓорѓи Каракашев од националната мрежа на земјоделци.

Националната мрежа на земјоделци до Владата достави вкупно осум барања. Побараа да бидат ослободени од воден надоместок, усогласување на цените, производни цени на сите земјоделски култури, а кочанскиот ориз да се прогласи за стратешка култура.

Реално македонскиот земјоделец и земјоделие се во колапс. Може слободно да кажеме дека се во клиничка смрт. И ако не се интервенира и државата не помогне финансиски и технички, ние дефинитивно ќе немаме храна. Ќе се соочиме со дефицит од храна. Во наредниот период и тоа што го имаме ќе го загубиме и како држава ќе станеме сто проценти увозно зависни, предупреди Каракаешев.

Брањата ги доставиле пред десеттина дена, а одговор сѐ уште немаат од ресорното министерство. Забележуваат дека според податоците на Заводот за статистика во второто тримесечје откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3.254.746 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 3,4%.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 25.6.2026

meteo

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Црвен аларм за екстремна топлина во В. Британија – затворени училишта редуциран возни линии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе