Спорт Фудбал

Тотенхем повторно го откачи Баерн

Челниците на Тотенхем и по четврти пат ја одбија понудата на Баерн за комплетирање на трансферот на Хари Кејн.

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, Баварците во последната рунда на преговори понудиле 100 милиони евра, но клубот од Лондон и натаму не отстапува од бараните 115 милиони.

Дека Баерн има сериозна намера да го ангажира англискиот репрезентативец се потврдува со фактот дека во последниве недели првакот на Германија веќе испрати три понуди, а наддавањето почна со 70, продолжи со 82, па 94 и стигна до 100 милиони.

Кејн влегува во последната година од договорот со Тотенхем и јасно најави дека би сакал да ја смени средина упорно одбивајќи ги сите понуди за продолжување на соработката.

Доколку Тотенхем летово не го продаде ти тој остане во Лондон, Кејн веќе од први јануари може да преговара со заинтересираните клубови и во следниот летен преоден рок може да ја смени средината без обештетување.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе