Спорт Фудбал

Струга ТЛ во Подгорица брани предност од еден гол

Македонскиот шампион Струга ТЛ вечерва од 21 часот во Подгорица во реванш дуелот од второто квалификациско коло во Конференциската лига ќе се соочи со Будуќност.

Стружани по првиот меч на домашен терен забележаа победа од 1:0 и за Црна Гора и имаат одлична можност да ги продолжат настапот во третото по ранг европско клупско натпреварување.

“Со нетрпение го очекуваме дуелот со Будуќност, очекувам тимот да има добар настап, исто како што тоа го направивме на трите досегашни средби во Европа, двата против Жалгирис и последниот против Будуќност. Резултатот од првиот меч е позитивен, бидејќи успеавме да победиме, но ова е нов натпревар и треба да бидеме максимално подготвени. Верувам дека можеме да излеземе како конечни победници”, изјави шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Шпетим Дуро.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе