Спорт Фудбал

Австралија во осминафиналето, постигнат 1000. гол на шампионатите

Еден од домаќините на Светското првенство во женска конкуренција, репрезентацијата на Австралија успеа да обезбеди пласман во елиминациската рунда.

Австралија триумфираше над Канада со 4:0 и во освои првото место во Б конкуренцијата.

Домашните фудбалерки поведоа со погодокот на Хаејли Расо уште во деветтата минута, половина час подоцна таа повторно се запиша меѓу стрелците за 2:0 на 3:0 зголеми Мери Фоувир во 58. минута од средбата. Конечниот резултат го постави Стефани Кејтли по прецизно изведен удар од 11 метри во третата минута од судиското надополнување.

Во вториот дуел од вечерната програма Нигерија го потврди второто место во групата и покрај фактот што одигра без голови во соочувањето Канада.

Претходно Јапонија ја декласираше Шпанија со 4:0 и ја освои првата позиција во Ц конкуренцијата. Двоен стрелец за Јапонките беше Хината Мијазава, а по еднаш мрежата на противничките ја затресоа Рико Уеки и Минами Танака.

Во дуелот за третото место Замбија славеше над Костарика со 3:1. Серијата голови ја отвори Лушомо Мвемба уште во третата минута, а голот за водство од 2:0 беше дело на барбара Банда од пенал, а воедно ова е илјадитиот погодок во историјата на Светските првенства.

Во 47. Мелиса Ерера намали на 2:1, а конечните 3:1 ги постави Рејчел Кундаманџи.

До овој момент познати се две осминафинални двојки. Шпанија за противник ја има Швајцарија додека Јапонија ќе се соочи со Норвешка.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе