Спорт Фудбал

Арсенал подготвува понуда за Квича Кварацхелија

Арсенал иако летово веќе доведе три скапи засилувања, сега подготвува понуда за ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија.

Грузиецот импресионираше во својата прва сезона во Серија А и го предводеше Наполи до шампионската титула и воедно беше прогласен за МВП. Менаџерот на „топџиите“, Микел Артета сака да има уште една опција на левата крилна позиција покрај Габриел Мартинели и Леандро Тросард.

Засега не е јасно колку пари ќе понуди премиерлигашот за Кварацхелија, но Наполи сигурно нема така лесно да се откаже од својата ѕвезда.

Арсенал летово плати 115 милиони евра за Деклан Рајс, 75 милиони за Каи Хаверц и 40 милиони за Јуриен Тимбер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе