Вести Економија Најважни

Пивоваров: Земјите да не носат ад-хок одлуки, како косовската, освен ако не е воена состојба

Одлуките, како онаа што ја донесе Косово, не треба веднаш да стапат на сила, туку да се остави простор од неколку дена, па потоа да почне да важи, освен ако не станува збор за воена состојба,  велат познавачите. На тој начин, сите што ќе бидат засегнати од одлуките од ваков тип, ќе имаат време да се подготват и да не трпат материјални штети, а нема да има застој, ниту на граничните премини. Сметаат и дека според економската логика, сегашната одлука на Косово да не се пласираат производи од Србија на нивниот пазар, сега ќе можат да ја искористат домашните бизнисмени. Тие би можеле да го надоместат она што ќе недостасува таму.

„Вчера не знаеја луѓето, затоа и пристигнаа. Секоја одлука би требало да има период на запознавање ден-два-три, колку што е потребно за да нема материјални трошоци на тие кои би сакале да ја минат нивната територија“, вели Владимир Пивоваров, координатор за гранично управување.

Според пишувањата на медиумите во регионот, одлуката влијае и на транспортерите од другите држави кои превезуваат српски производи во Косово. Сепак, домашните превозници велат дека тоа нема да влијае многу на нивната работа, затоа што многу малку вршат транспорт на вакви стоки за косовскиот пазар. Но, се надеваат дека проблемот меѓу Белград и Приштина бргу ќе биде надминат.

Од вчера, од 17 часот, откако стапи на сила одлуката за забраната, вратени се само три камиони со српски регистарски таблички. Од утринава вакви проблеми нема. Транспортерите генерално се запознати со одлуката.

„По известувањето на трите камиони кои беа со српски таблички,  се вратија. Сега за сега  нема ниту едне случај. Ние сме тука  да информираме и јавно е веќе публикувана одлуката на косовската влада“, додава Пивоваров.

Косово направи ваков потег, откако Србија уапси тројца косовски полицајци. Од таму тврдат дека тие се киднапирани. Српските служби, пак, велат дека косовските полицајци биле најдени на нивна територија на, речиси, два километра од границата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе