Вести Економија

МФ: Во процес на преговори е Општ колективен договор кој ќе овозможи континуиран, одржлив раст на платите, нема простор за поединечни решенија пред нeгово потпишување

Владата се залага за зголемување на сите плати во државата, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. Поткрепа за ова е континуираниот раст на платите во јавниот и приватниот сектор и покрај неколкуте напоредни глобални економски кризи во изминатите три години, е реакцијата на Министерството за финансии за денешниот предупредувачки штрајк на вработените во УЈП.

 Во однос на барањето на дел од даночните работници за раст на платите, истакнуваме дека Владата се залага за систем за раст на платите во целиот јавен сектор. Преку Економско социјалниот совет, заедно со социјалните партнери, веќе се работи на утврдување на систем за плати на сите вработени во јавниот сектор. Во подговка е нов Закон за  плати на вработените во јавниот сектор и нов Општ колективен договор за јавниот сектор, кој во иднина ќе овозможи континуиран раст на платите. Во услови кога се очекува да се воспостави вакво системско решение, а за кое се водат веќе разговори во Економско-социјалниот совет, секое поединечно решение, пред финализирање на овие два акта,  ќе биде нарушување на воспоставувањето на таквиот систем и постигнување на крајната цел. Целта на Владата е да се воспостави воедначено, системско решение кое ќе биде фискално одржливо на долг рок и кое соодветно ќе го валоризира трудот на работниците. Очекуваме дека преговорите во ЕСС ќе продолжат и дека наскоро заеднички ќе се дојде до одржливо решение прифатливо за сите страни, се вели во соопштението. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе