Вести Македонија Најважни

Делегацијата на ЕУ во Скопје: Македонија не може да мине во следната фаза од преговорите се додека не стапат на сила уставните измени

Јасни се заклучоците на Советот на ЕУ од минатата година за финиширање на првата фаза од пристапувањето, отворање на првиот Кластер, гласи одговорот на Делгацијата на Европската унија во Македонија за Телма, на прашањето дали е можно одложено стапување на сила на уставните измени, барањето кое минатата недела го стави на маса опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како услов да гласа за уставните измени. Во точка 6 од заклучокот на Советот, што го цитира Делегацијата во одоворот, јасно е наведено дека Македонија не може да премине во следната фаза од преговорите т.е. да се одржи меѓувладината конференција и да се отвори првиот кластер, се додека не стапат на сила уставните измени.

„Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристап, Советот, исто така, одлучи, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, да свика уште една меѓувладина конференција со цел да се претстави Преговарачката рамка и состојбата на подготвителните работи од страна на Европската комисија и е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, веднаш штом Северна Македонија ќе ја спроведе заложбата да ги заврши горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури“, се наведува во реакција на Делегацијата дадена за Телма.

Освен што во точка 6 од Заклучоците на Европскиот совет се отфрла можност за дополнителни политички одлуки, за да се финишира отворањето на преговорите, во точка 4 во таа насока Советот ја поздравува намерата на земјава да започне и приоритетно да ги постигне релевантните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како Бугарите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе