Вести Економија

Интервентниот фонд ќе се користи и годинава

Интервентниот фонд постои и оваа година и земјодлеците ќе можат да поднесуваат барања за субвенционирање на нивното производство, посочи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Никица Бачовски. Во вечерашнатаТоп Тема на Телма, Бачовски посочи дека пред неколку недели министерството усвоило мерка за поддршка на зимската зелка, главно во валандовско-гевгелискиот регион, и тој очекува земјоделците деновиве да започнат со поднесување барања за субвенционирање.

Тој интервентен фонд беше замислен да помогне, односно, најпрвин да се детектира секторот каде што е најголемо, би рекол отстапувањето во производната и откупната цена, и овде стрикно да се интервенира. Не е некоја своевидна желботека па да може сѐ да влезе таму. Меѓутоа, добро е што постои како еден механизам, кој што покрај директните плаќања, оние кои што се редовни од Програмата за диркетни плаќања, ќе нуди една дополнителна помош за земјоделците, кој што лани главно се искористи во финансирање на вештачките ѓубрива, што пак оваа година донесе резултат преку зголемени површини на житни култури, рече Бачовски.

Потсетувајќи на минатата година, Бачовски предупреди дека не треба да се очекуваат резултатите веднаш. Вели дека за 2022 година цените на нафтата, репроматеријалите, пестицидите, ѓубривата, а секако и цената на електричната енергија, биле исклучително високи.

Цените беа такви какви што беа бидејќи најголемиот влезен трошок во нивното производство беше токму електричната енергија. И токму затоа се донесе таа одлука за субвенционирање на струјата, чинам 80 евра по киловат час, која што беше исклучиво за индустријата што се занимава со преработка на храна, од која што очекувавме дека по тој потег, по тоа субвенционирање цените би требало значителано да се намалат во периодот кој што следуваше. Што не се случи веднаш, мораме да признаеме, меѓутоа покрај сите други интервенции со замрзнување на цените, да постојат одредени флуктуации, намалувања на цените, рече Бачовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе