Вести Економија

И во мај двоцифрена инфлација од 11, 3 отсто

И во мај двоцифрена инфлација. Статистика објави дека, минатиот месец таа изнесувала 11, 3 отсто и е незначително пониска од онаа во април.

Најголемо поскапување во однос на мај лани, е  регистрирано кај храната без-алкохолните пијалоци, кај домувањето, водата, мебелот.

Во односна претходниот месец пак трошоците на живот се зголемени за 0, 4 отсто. Народната банка изминатиот период во неколку наврати ја зголеми основната каматна спака на благајничките записи како механизам за ублажување на притисоците од растот  на инфлацијата.

И оттаму потенцираат дека ако има потреба ќе се воведат и други мерки и дека состојбата се следи. Пред извесно време и од Владата  соопштија дека за јуни очекуваат податоците да покажат едноцифрена инфлација, односно се надевата дека таа ќе биде под 10 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати- прашање на родителите од Здружението „16-ти март“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе