Вести

Се користат амбулантни возила стари и по 35 години покажуваат податоците на Центарот за граѓански комуникации

Медицинска нега, сообраќајка, дотур на лекови. Македонија на располагање има 263 амбулантни и санитетски возила за потребите на граѓаните, а најстарото возило има 35 години, покажуваат последните податоци од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Ова возило го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Минатата година се набавени две возила , едното за потребите на Клиничката болница во Штип, а другото во Здравствениот дом во Тетово.

Податоците на Центарот покажуваат и дека просечната набавка на едно возило чини околу 38 илјади евра, додека најскапо се купени двете возила од по 100 илјади евра кои Министерството за здравство им ги подари на Клиниката за детски болести во Скопје. Според истражувањето на Центарот сите овие возила здравствените установи ги добиле на користење или донација, а само 22% од возилата се купени со сопствени средства. Најчест донатор е министерството за здравство, а преку донација добиле и од други земји, невладини организации или поединци. Податоците покажуваат дека за три години македонското здравство има 80 возила повеќе,технички неисправните и дотраени возила се заменети со нови, но само 30 од новонабавените 80 возила се нови.

Слична е состојбата и со возилата на противпожарната бригада. На користење се 284 возила за гаснење пожар, цистерни за вода и возила за пожарникарите и опремата. Просечната старост на возилата е 30 години, а има и такви кои ја надминуваат оваа возраст. Па така на пример според базата на податоци на центарот најстарото противпожарно возило од 57 години е камионот Там во Валандово. Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години. Проблем во оваа професија се јавува и недостигот на пожарникари. На земјава и недостигаат 340 пожарникари, а најголем дел на главниот град.

На денот на пожарникарството пред три недели, и командантот на противпожарната бригада во Скопје Звонко Томевски ја потврди оваа информација. Според, Томевски пожарникарството е атрактивна професија, но за истата не се одобруваат пари за вработување.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Германија ќе испрати 60 ракети за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“ во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе