Вести Економија Топ вести

Владата предлага пет закони по скратена постапка за да се забрза изградбата на коридорите 8 и 10д

Вицепремиерот Груби призна, договорот со Бехтел и Енка нема вкупна вредност колку ќе чинат новите автопати. Сумата од 1,3 милијарди евра која се споменуваше во изминатиот период, била само проценка на физибилити студија.

Откако им се извини на медиумите, затоа што Владата недоволно јасно им го презентирала договорот, заедно со речиси половина министри, соопшти дека до пратениците ќе бидат испратени пет нови закони со европско знаменце, за да се одблокира процесот со законите за целиот проект, а кои претходно ги поднесоа пратеници. Со тоа автопатите побргу ќе се изградат, а ќе чинат помалку.  Исто така, до Собранието ќе биде доставена и ревидирана верзија од договорот во која нема делови за кои од конзорциумот сметаат дека не треба да бидат објавени.

Договорот е потпишан со сегашната легислатива, што значи дека во договорот нема цена, по советите што ги добиваме од страна на нашите консултатни кои работеле со конзорциумот и виделе дека кај нашите инстиутиции има тромавост, правиме законски измени да бидеме по ефиканси, рече груби.

Од претходните 8 закони, Владата се отказа од два. Со европско знаменце се за урбанистичко планирање, градење и експропријација, но и оној за работната недела, кој предизвика најмногу реакции во јавноста. Од Министерството за труд уверуваат, работниците ќе бидат заштитени.

Работникот ќе има право на дневен  одмор од најмалку 12 часа непрекинато исто така работнико има право на неделен одмор од 24 часа плус 12 часа дневен одмор. Поради природаат на работите се јави потреба да се спроведува работата и во недела, рече заменик министерот енвер хусејин.

Министерот Бесими пак вели, со најновите законски измени, ќе се намалат трошоците за финансирање.

ако не поминат овие измнени дополнителни торшоци кои ќе влезат во буџет како давачки ќе значат 260 милиони евра давачки за кои ние треба да се задолжиме дополнително и со ова се намалуваат трошоците за финансирање, рече бесими.

Во однос на експропријацијата, за легални ќе се сметаат сите објекти за кои веќе е поднесено барање за легализација, според законот од пред 5 години. За дивоградбите ќе се плати 12 месечна закупнина, а потоа ќе ги урива.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе