Вести Свет

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирусот

Светската здравствена организација прогласи крај на пандемијата на коронавирус, откако денеска соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација.

Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради коронавирусот, потсетуваат британските медиуми.

Ваквиот статус помогна меѓународното внимание да се фокусира на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.

Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, но коронавирусот сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба.

Во меѓувреме, над 6,9 милиони лица починаа од последиците на коронавирусот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ со напредок кон воведувањето на дигиталното евро

Дејан Дејан

Црвен аларм за екстремна топлина во В. Британија – затворени училишта редуциран возни линии

Дејан Дејан

ОН ќе евакуираат над 11.000 морнари заглавени во Ормутс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе