Вести Економија Топ вести

Трговци со струја должат милиони кон МЕПСО, но РКЕ смета дека ако се заострат критериумите ќе има големи проблеми на пазарот

Направија милионски долгови кон МЕПСО, добија забрана за тргување со струја, но најдоа начин и повторно влегоа во бизнисот. На оваа реагираа и од Стопанската комора, дел од експертите, но и Државниот ревизор. Зошто се дозволува со мали гаранции и основачки влогови фирми да тргуваат со струја, да прават долгови и да немаат одговорност ако го прекинат договорот за снабдување кој го случиле. Сепак, според првиот регулатор заостравањето на критеримите ќе донесе поголеми проблеми на пазарот, затоа што ќе спласне конкуренцијата. Според Бислимовски, не е во ред поради затајувањето на работата на одредени институции, да се прави промена на правилата за оние кои работат според законот.

Или ние треба да се договриме на кој начин ќе се издаваат лиценците и да ги подигнеме критериумите, и тогаш наместо 19 активни снабдувачи ќе имаме само неколку, и со тоа однапред се знае дека тоа негативно ќе се одрази на пазарот со струја, затоа што со помала конкуренција тие што се активни на пазарот тие прават повеќе проблеми, рече бислимовски.   

Тој е изненаден и од реакцијата на Стопанската комора, тврдејќи дека ако дојде до зголемување на гаранциите и основачките влогови за овие трговци, ќе поскапи струјата која тие им ја испорачуваат  на своите клиенти.

Од тука не ми е јасна заложбата на Стопанската комора да само за неколку снабдувачи да се зголеми трошокот за нивно функцинирање и на тој начин на сите членки на Комората ќе им пораснат трошоците за струја. Сега да видиме кои се тие компании кои би можеле да ги исполнат тие услови, и вака како што гледам, тие компании се членки на таа комора и се надевам дека во следниот период без медиумска помпа ќе седнеме со комората и ќе разговараме на оваа тема, рече бислимовски.

Државните ревизори пак констатираа дека 14 милиони евра долг од четири фирми трговци Управниот одбор на МЕПСО ги отпишал. Реагираа и од компанијата, но и од Владата, не биле отпишани туку резервирани. Од МЕПСО уверуваат дека ќе се најде начин да се наплатат, иако се со блокирани сметки.

За овие фирми се влечеше струја од Европската мрежа. Телма претходно пишуваше дека компаниите Мист Енерџи, Енергија Гас и Повер и У Повер добија забрана за трговија со струја. Но, некои го променија името на фирмата и се вратија во бизнисот, а долговите кон МЕПСО сѐ уште им висат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе