Вести Македонија Топ вести

Од следната недела поскапуваат личните документи – пасош 2000 денари, лична карта 310 денари

Поскапуваат личните документи. За лична карта ќе плаќаме 120 денари повеќе, па така новата цена ќе биде 310 денари. Слично зголемување има и кај возачките дозволи, плус 130 денари со што документот ќе чини 410 денари.

За пасош, пак, лицата до 27 години ќе плаќаат исто како и досега – 1500 денари, но постарите ќе треба да издвојат 500 денари плус и да платат 2 илјади денари.

Многу повеќе ќе треба да се плати за документи по итна постапка. Доколку сакате да земете пасош за 2 дена, ќе треба да платите 6.100 денари, што е зголемување за дури 1.600 денари. Возачка по итна постапка ќе се издава за 1.230 денари.

Новите цени ќе важат откако решението ќе биде објавено во службен весник, најверојатно следната недела.

Од МВР велат дека „промената на цените се прави поради зголемените набавни цени на увезени обрасци, зголемени трошоци за одржување на системот, како и набавка на нови машини “.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе