Ако се намалат, па потоа се замрзнат цените на јајацата, ќе ги снема од домашниот пазар. Производителите предупредуваат дека нивните трошоци се високи и ако се случи тоа освен што ќе претрпат сериозни штети, за да опстојат ќе бидат принудени јајцата да ги извезуваат во соседството каде цената е повисока.
Нивниот предлог е , веќе ако мора да се корегира и кај оваа цена, замрзнувањето да биде на моменталната сума по која тие се продаваат во маркетите, вели Невена Христовска- сопствени на фирма за производство на јајца.
Според инфорамциите, од утре се планира замрзнување на цената и овој производ. Најверојатно замрзнувањето ќе биде по предлогот на производителите, на моменталната цена, без претходно да има поевтинување како што тоа се направи со млечните производи и тетсенините. Со тоа би се спречил скок на цената на јајацата пред Велигден.
Паралелно се разгледуваат и анализите дали може да се замрзнат цените и на шеќерот и оризот. Претходно и орозопроизводителите реагираа. Предупредија ако се случи тоа дека оваа пролет нема да бидат посеани поголеми површини, бидејќи нема да им се исплати.
Тестенините веќе поевтинија за 15 отсто, а млекото и млечните производи за 10 проценти. Цената на белиот и полубелиот леб пак се замрзна на 33 денари. Владата се одлули на ваков чекор поради тоа што фирмите кои добиваа субевенционирана струја не ги намалија цените. Очекуваат со мерките пазарењето да биде поевтино. Граѓаните, синдикатите и дел од експертите пак сметаат дека со замзрнувањето се доцни, но и дека цените треба да с енамалат и на други производи.
Ирена Чачкова
