Вести Економија

Пекарите се жалат дека со ограничувањето на цената на лебот работат нерентабилно, Бектеши тврди дека трошоците за енергенси четири пати пониски

Министерот за економија упати жестоки критики кон компаниите кои не прозиведуваа леб протестирајќи против одлуката на владата за ограничување на цената.

Луѓето кои ги застапуваат производителите на леб имаат директен конфликт на интереси во делот на цените на лебот. Токму таа компнаија на претставникот имаше леб под 33 денари кој го продаваше и по маркетите, и го продаваше директно, крајна цена ви зборувам, пред да се замрзне цената. Не наликува ова дека не сака да има конкуренција од другите за да не ги намалуваат цените? И јас сум за пазарна економија, но кога може една Франција, една Хрватска, една Германија во време на криза да се повикуваат на закон за трговија и ние можеме да направиме одредени ограничувања во делот на соработката, рече Бектеши.

Компаниите од пекарската индустрија се жалат дека со ограничувањето на цената на лебот принудени се да работат нерентабилно, а Сојузот на стопански комори го повикаа министерот да седне и да разговара со нив за да се најдат соодветни решенија.

Тоа не треба да биде на товар на компаниите од пекарската индустрија, треба да се соработува со нив, да се разговара со нив, да се види заеднички да се најдат мерки и механизми како тоа да се направи. Тука треба да се ослободат и делови од стоковите резерви, да се даде брашно по пониска цена од пазарната цена, можеби и други елементи и прозиводи, не може да биде само со замрзнување на цената на лебот. Во моментот најмалку по три основи не оди во прилог на тоа што се случува на пазарот. На пример во послендите денови е згоелмена минамалната палта за над 12 проценти, укината е субвенцијата за струја што постоеше а е намалена во исто време и цената на лебот, рече потпретседателот на ССК Орце Симов.

Но, Бектеши инсистира дека повеќе нема да разговара со нив, обвинувајќи ги дека лажат.

Јас редовно и во континуитет сум седнувал и со двајцата ваши претставници, и оваа година и во текот на минатата година, но веќе нема да седам на состаноци затоа што тие ги лажат своите членови. Не нас како институции, не граѓаните, туку своите членови. Дента кога тие бојкотираа нивните компании продаваа на црно, и затоа за нив има инспекции, има извештаи, записници и тие не можат да седат со минитер за економија кога од една страна бојкотираат а од другата страна самите тие работат на црно, дециден беше Бектеши.

Вели дека трите компании кои држат дури 70 проценти од пазарот во Скопје имаат за речиси четири пати намалени трошоци во делот на енергенсите.

Трите најголеми компании кои покриваат повеќе од 70 проценти од пазарот во градот, користат природен гас, не користат ниту дрва, ниту електрична енергија. И токму тие три компании дента не доставуваа леб по маркетите. Цената на природниот гас што го добија во ноември беше над 200 евра по мегават час, или над 2.000 евра за 1.000 метри кубни. Денеска, и не само денеска, во последните 40 дена нема цена на природен гас во нашата држава повеќе од 60 евра по мегават час, или пак речиси четири пати имаат пониски трошоци во делот на енергенсите. Ако сакате јас ќе ги наведам и со имиња и ќе ви кажам зошто наликуваат на картел. Дали знаете некој друг град во државата каде што не се произведуваше леб дента кога бојкотираа одредени компании, праша Бектеши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

До каде се ветените средства за споменикот на 63-те загинати- прашање на родителите од Здружението „16-ти март“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе