Вести Македонија

Протест на просветните работници – цела година спречени да полагаат менаџерски испит

Голготата на 111 кандидати, наставници и в.д директори кои ги положија успешно првиот и вториот дел од директорскиот испит продолжува. Гневни се дека полагањето на третиот дел од испитот било прекинато во декември и нема најави дали и кога ќе продолжи. Нивниот трет обид за прием кај в.д директорката на Државниот испитен центар, Благица Павловска заврши безуспешно.

„Ги повикуваме сите релевантни и надлежни институции крајно сериозно да пристапат кон овој проблем. Во таа насока навестуваме дека ќе побараме отворање на предмет во Основното јавно обвинителство, ја повикуваме и Антикорупциска да го преиспита работењето на надлежното лице во ДПИ, а ќе ги информираме и меѓународните релевантни институции“, вели Драган Попоски, професор по социологија.

„Kандидатите од 32-та испитна сесија кои завршија обука во септември во 2022 година, започнаа со полагање во ноември во 2022 година, но поради утврдени неправилности на Државниот просветен инспекторат, сесијата била поништена во декември 2022 година“, стои во дописот на Државниот испитен центар.

„Во тек е постапка пред Државната комисија за одлучување на управна постапка и постапка од работен однос во втор степен по поднесената жалба на членовите од испитната комисија и администраторот, како и жалбена постапка пред Управен суд од испитната комисија и администраторот“,  

В.д директорите на основни и средни училишта и наставниците кои повеќе од една година не можат да го доположат менаџерскиот испит, за да се стекнат со лиценца која ќе ја приложат на оглас за директори на училишта, студентски домови и граѓански универзитети до сега реагирале до инспекцискиот совет и до Министерството за образование и наука.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе