Вести Економија

Мицкоски: Владата на СДСМ и ДУИ во 21 век нѐ дотера до ситуација да зборуваме дали ќе имаме леб

Економската мерка за замзрнување на цената на лебот е ад-хок решение кое  што практично е од денеска за утре, тоа не е решение на долг рок кое што може да обезбеди цена која што е прифатлива за граѓаните. Инаку, сите ние треба да се обединиме и да помогнеме, граѓаните овие основни производи да ги добијат по најниска можна цена, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Свети Николе на прашањето дали владината одлука за замрзнување на цени на производи е економски потег.

Тој додаде дека нема мерки од страна на Владата за намалување на инфлацијата која руши рекорди, нема ниту некаква економска политика и дека Владата на СДСМ и ДУИ државава ја доведе во состојба да зборува за тоа дали македонските граѓани ќе имаат леб за да се прехранат, наместо да се зборува за инвестиции во напредни технологии.

Владата треба да ги поддржи сите оние кои што го произведуваат овој основен производ за да можат граѓаните да платат најниска цена. Ние денеска, за жал, рушиме рекорди по инфлација, двојно поголема од онаа што ја има во Европската унија, немаме никаква економска политика, прават гол ПИ-АР сликајќи се по маркети со две векни леб во раката премиерот и останатите министри наместо да го решаваат проблемот. Едно дно, сеопшто дно, едно општествено дно во која што ја втурнаа Македонија. И денеска ние во 21 век, наместо да зборуваме за вештачка интелигенција, да зборуваме за тоа како ќе инвестираме во напредни технологии, ние зборуваме дали ќе имаме леб. Ете, до таму нѐ дотера оваа Влада на СДСМ и ДУИ, истакна Мицкоски.

Во однос на обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е против ниската цена на лебот, Мицкоски посочи дека тоа е лага и дека такво нешто и таква изјава не постои, туку напротив, ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се залага за намалување на сите трошоци на македонските граѓани, особено намалување на трошоците за основните прехранбени производи и за таа цел, тој прв предложил намалување или укинување на ДДВ-то за овие производи.

Таква изјава не постои. Јас би сакал ако можеме ние како држава во овие тешки моменти, комплетно да можеме основните артикли да ги сведеме на минимум цената за чинење и трошоците на граѓаните. А впрочем, јас бев првиот кој што зборуваше за намалување на ДДВ-то или укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи. Така што, не ме чуди, оваа Влада е склона само на две работи, а тоа се крадење и лажење. Така што, они ќе си продолжат да крадат и да лажат уште неколку месеци од денес, а потоа треба и да одговараат за тоа, рече Мицкоски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе