Вести Економија

Да не се потпишуваат договорите за новата реколта тутун без зголемување од 20 насто, повикува Сојузот на земјоделски здруженија

Тутунарите да не ги потпишуваат договорите со откупните компании за новата реколта тутун додека цените не се зголемат за 20 насто, бара и апелира Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија вели дека откупувачите побрзаа да ги склучуваат договорите уште незавршен официјалниот откуп на ланската реколта (до 28 февруари) што значи дека им треба родот, но ги нудат постојните, а не нови зголемени цени по класи. Треба да се преговара за нови цени.

Ги повикуваме тутунарите да не ги потпишуваат договорите. Ако не ги потпишат, фирмите ќе имаат непотпишани договори, што значи не ќе може да ги внесат во ИСЕТ што мора да се направи до 20 март. Друга законска можност немаме за да ги притиснеме фирмите, освен да ги повикаме тутунарите да не ги потпишуваат договорите со исти цени. Целта ни е да седнеме, да преговараме, а некои фирми веќе почнаа да се јавуваат за преговарање. Додека не се зголемат цените по класи за 20 насто, нема да ги прифатиме договорите. Откупувачите испратија договори, но со лански цени, без зголемувања по класи. Ние им одговоривме дека нема да ги потпишеме договорите, зашто не се согласуваме со понудените цени. Тие се без зголемување и се на ланското, последно, ниво од 300 за прва класа, 240 за втора и 180 за трета класа. Ние сакаме зголемување за 20 насто, зашто се зголемува инфлацијата, а се зголемуваат и трошоците за производство, изјави Стомнароски.

Злате Даноски, претседател на тутунското здружение „Мице Козар“ од Прилеп и Гоце Јончески, тутунопроизводител од Прилепско, објаснуваат дека ако не се зголемат цените ќе стане неисдплатливо производството и ќе ја доведе во опасност иднината на оваа земјоделско-индустриска гранка. осдобено што младите немаат интерес да работат на нивите.

На нивите останаа средновечните да го работат тутунот. Почна подготовката на расадопроизводството. Со овие цени никој нема да работи. Ако сакаме, барем дел од младата генерација да остане, мора производството да биде исплатливо. Со овие цени, без зголемување, нема да има сигурна иднина за тутунопроизводството, вели тутунарот Гоце Јончески.

Ланската реколта од 21 000 тони се откупи по просечна цена од околу 290 денари и тоа за првпат тутунот се купи еден месец пред законскиот рок, 28 февруари. Почна расадопроизводството за новата реколта. Тутунарите очекуваат да ги добијат што поскоро субвенциите, кога им се најголемите трошоци за новата реколта. Од тутунопроизводството во земјава егзистираат преку 25.000 семејства.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе