Вести Економија Македонија Најважни

Бектеши: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

Владата со нова одлука ги обврзува трговците со леб да произведуваат бел и полубел, сечен или на парчиња и истиот да го продаваат по цена од најмногу 33 денари. Истата на својот ФБ профил ја објави министерот за економија Крешник Бектеши кој напиша: „Секој производ ќе го има по фер цени“.

Според владината одлука производителите на леб ќе имаат обврска да го произведуваат и да го ставаaт во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година.Трговците на мало кои продаваат леб, имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена, се наведува меѓу другото во текстот на одлуката што вчера беше донесена и објавена во Службен весник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе