Вести Економија Код Македонија

КОД истражува какви гаранции всушност се барале од фирмата од Софија поврзана со контроверзниот руски милијардер Лебедев

Владата во јануари на седница ја сменила одлуката за заштита на изворот Студенчица од која со вода се снабдуваат над 180 илјади граѓани во 7 општини во државата.

Главната промена е што во заштитните зони се дозволува изградба на ветерници и соларни панели, а КОД во вечерашната емисија открива дека само неколку дена по владината одлука, Министерството за транспорт и врски веќе побарало мислење од општина Кичево за нов ветерен парк во третата заштитна зона (до измената втора зона) на изворот Студенчица.

Во КОД вечерва и за бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ чии банкарски гаранции дадени при набавка на гас, државната компанија ЕСМ ги прогласи за доверлива информаца. КОД истражува какви гаранции всушност се барале од фирмата од Софија поврзана со контроверзниот руски билионер Лебедев и какви политички конекции има ова мала бугарска фирма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе