Вести Македонија Топ вести

Пендаровски по Советот за безбедност: На дел од лицата кои работат на антимакедонските кампањи во Бугарија се надоврзани руските разузнавачи

Претседателот Стево Пендаровски подвлече дека организаторите на антимакедонски кампањи од Бугарија се поврзани со руските разузнавачи.

„Во ситуација на организирани антидржавни кампањи од политички партии и поединци можеме да одговориме на два начина. Првин, со културна дипломатска реторика како и досега, и тој круг на провокации кој често не останува само на зборови и продолжува со насилство нема да заврши, но ние нема да прекинеме. Второ, со мерки која секоја сериозна држава ги презема во вакви ситуации. Мој предлог до Владата е да му забранат влез во нашата земја на еден бугарски европратеник и на неколку друг државјани на Бугарија заради дејствијата кои што порано ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава“ – рече Пендаровски.

На прашањето на новинарот на Телма, Огнен Чанчаревиќ, дали оваа одлука е задоцнета и зошто не се реагирало побргу, Претседателот одговори:

„Да ве потсетам, не се чекаше минатата година, на тројца бугарски државјани им беше откажан престој. Еден од нив е посебно гласен во врска со настанот на 4 февруари. Другите двајца беа кобајаги новинари, им беше откажан престој и им беше забранет влез во Македонија во наредните шест месеци. Реакции имаше. Не можам да одам во детали, само ќе ви кажам дека дел од овие структури и лица се надоврзани на руската разузнавачка служба“ – изјави Пендаровски по седницата на Советот за национална безбедност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Амбасадорот Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра преку Ерасмус плус

Дејан Дејан

Тренчевска: Сите кои зеле социјална помош, а имале приходи, парите ќе ги вратат назад

Дејан Дејан

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе