Вести Економија Најважни

ЕСМ плаќа еден милион евра повеќе за набавениот гас од „Балкан Јутилитис“ бидејќи прифати фиксна цена во договорот

Над еден милион евра со вклуен ДДВ е разликата во цената која што ЕСМ ќе ја плати за набавка на гас на бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ откако ја прифати ниваната понуда со фиксна цена а ја одби онаа на „Макептрол“ со променлива во зависност од движењата на берзата. Цените на гас дополнително паднаа а со тоа и висината на понудата на „Макпетрол“ па заклучно со 1 јануари пресметките покажуваат дека ЕСМ за купениот гас ќе плати 916 илјади евра повеќе кон бугарската фирма или 1.081.000 евра повеќе со вклучен ДДВ.

Пресметките покажуваат дека со денешната цена на берзата, понудата коja „Макпетрол“ ја имадоставено до ЕСМ АД Подружница енергетика е во висина од 103,8 евра за мегават час и е за 12,2 евра пониска од онаа на „Балкан Јутилитис“. Затоа ЕСМ АД Подружница за купените 33,670 мегават часа по фиксна цена  ќе плати 409 илајди евра повеќе.

Исто така и понудата на „Пром-гас“ кон ЕСМ Продажба веќе е со далеку пониска цена од првичната поради безантските движења и сега изнесува 108,5 евра односно за 7,5 евра пониска од онаа на „Балкан Јутилитис“.  Но поради изборот на бугарската компанија за набавените 61.693 мегават часа ЕСМ ќе плати вкупно 458 илјади евра повеќе.

Разлика во сумата има и во третиот договор кој го склучи  Дирекцијата за технолошко развојни зони (ДТРИЗ) за набавка на 6.554 мегават часа по фиксната цена на „Балкан Јутилитис“ од 115.97 евра и затоа ќе плати 49 илјади евра повеќе во однос на понудата на „Пром-Гас“.

Ако се соберат вкупно, за трите понуди државните компании ќе платат 916 илјади евра без вкучен ДДВ односно речиси 1,1 милион евра  повеќе со вклучен данок сметајќи ја цената на гасот заклучно од 1 јануари која ќе важи до крајот на овој месец.

Од ЕСМ соопштија дека фиксна цена наместо променлива во зависност од берзата  е услов при склучување на договори и тоа ќе биде пракса и во наредниот период.

Фиксната цена е задолжителен услов од причина што ЕСМ Продажба треба да има обезбеден буџет, да може да ја прифати понудата, да има пресметка за плаќање на природниот гас којшто го плаќа однапред и истиот да го испорача до другите потрошувачи кои ќе го купат од ЕСМ продажба, со маржа не поголема од 1%. ЕСМ Продажба во текот на јануари ќе спроведе јавен повик за набавка на гас за февруари 2023 гoдина, на кој ќе бидат поставени истите услови, тврдат од есм.

Цените на гасот на европските и светски берзи во моментов се на најниско ниво од февруари минатата година, односно од почетокот на војната во Украина.

Според истражувањата и пишувањата на медиумите во Македонија и регионот, фирмата „Балкан Јутилитис“ се поврзува со рускиот олигарах Александар Лебедев, но и со сомнителни зделки на релација Русија, Грција, Бугарија, Кипар, Девствени острови.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе