Вести Македонија Топ вести

По сестрата и сопругата на министерот Бектеши се вработи во државно

Од телевизиските екрани на утринска емисија на национален медиум, до Oдделение за управување со проекти и соработка со меѓународни и граѓански организации. Работното искуство, образованието и интервјуто ѝ помогнале да победи на оглас, и да се вработи во Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Три државни филтри потврдиле, а финансии на Фатмир Бесими ѝ ја одобриле платата. За Улка Каба Бектеши, нововработената во владината агенција не чул министерот за информатичко општество. Но, за да прерасне во скандал за непотизам, таа е сопруга на министерот за економија Крешник Бектеши.

И во агенцијата каде што влегува на работа е само шифра на кандидат. Процесот на одлучување го водела Агенцијата за админситрација. Претходел оглас, три фази на оценување, а сега и рок од 8 дена да се оспори изборот од вториот кандидат.

По завршувањето на интервјуто во нашата агенција пристигна една листа од двајца кандидати, а ние го избравме прво рангираниот кандидат кој имаше најмногу освоени бодови. Кандидатите се наведени со букви и бројки а не со име и презиме. Одлуката за избор се донесе пред два дена и има 8 дена рок за жалба, извести Куртиш за Телма

Вработена е на местото Виш соработник за изработка на проекти во Секторот за изработка на проекти и комуникација со невладините организации. Пред две години, и сестрата на Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, по што во јавноста имаше бурни реакции. Бектеши, тогаш тврдеше дека не ургирал, туку дека сестра му сама се вработила. Реагираше Антикорупциска, која поднесе прекршочна пријава до министерот, заради судир на интереси, по што Бектеши плати казна од 500-тини евра.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе