Вести Економија Македонија Најважни

Само со код за гас од Булгартранс гас, македонските фирми ќе можат да вршат набавка на гас

Фирмите кои вршат набавка на гас во земјава, за да го сторат тоа ќе мора да одат до Бугарија за да добијат код – неопходен за да го донесат енергенсот. Известување за новите правила за тргување добиле на само две недели пред Нова Година и тоа преку официјалниот сајт на Гама.

Тоа ќе мора да го прават, затоа што Владата, иако е обврзана со закон, сè уште нема сертифициран оператор за пренос на природен гас.

Оваа обврска ја наметнува членот 109 и 113 од Законот за енергетика, според кој носителот на дејноста – пренос на природен гас, мора да биде сертифициран оператор. Но, пред да биде формирано ова тело, државата склучи договор со Бугарија за проширување на капацитетот на интерконекторот кај Жидилово.

За да се формира сертифициран оператор во Македонија, мора да се заврши процесот на спојување на НЕР и Гама. Откако ќе се случи тоа, европскиот систем оператор ЕНЦО треба да му даде дозвола да ги издаваат потребните кодови за македонските фирми да можат да го донесат гасот во земјава, а тоа да не го прават преку Бугарија.

Од Гама за Телма потврдија дека на почетокот домашните фирми кои се бават со овој бизнис ќе бидат принудени потребниот код за гас да го обезбедат од „Булгартранс гас“.

Но, се сигурни дека до Нова година ќе се заврши процесот на спојување на Гама и НЕР и процесот на сертифицирање.

Дека до 31.12. регулаторна ќе ги донесе и законските регулативи и со тоа од 1 јанаури да почне процесот на либерализација на пазарот со природен гас. Сепак, со ова се отвора прашањето дали фирмите кои се дел од бизнисот со гас, ќе имаат доволно простор и време да се запознаат со новите правила на игра и да тргуваат.

Со Законот за енергатика, кој се донесе во 2018 година, се наметна обврската државата да формира сертифициран оператор за пренос на природен гас, но и да се донесат подзаконските акти за тргување на овој пазар.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе