Вести Економија Македонија Најважни

Од октомври 2023-та поевтин роаминг со земјите од ЕУ

Во Тирана потпишан е договорот за намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан. Договорот треба да почне да се применува од октомври 2023 година и значи намалување на цените на роаминг услугите за регионот со земјите членки на ЕУ. Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пред почетокот на Самитот рече дека ова конкретен напредок и важен чекор во вистинска насока. На Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Тирана европските лидери ќе дадат и поддршка во надминување на предизвиците со енергетската криза предизвикана од војната во Украина.

  • Уште еден важен елемент е поддршката за Западен Балкан во врска со енергетската криза и проблемите со струјата. Ова е последица од војната во Украина од страна на Русија. Ова е уште една шанса да ја засилиме нашата поддршка за регионот, рече Мишел

Теми на Самитот е и зголемување на отпорноста на регинот на Западен Балкан кон надворешни мешања, потоа миграцијата, сајбер безбедноста. Унијата го става фокусот и на младите, да се испрати пораката дека со развој на регионот ќе го намалат одливот на мозоци. Самитот треба да заврши со потпишување заедничка декларација во која се очекува да биде нагласена не само јасната европска перспектива на Западниот Балкан туку и повик за забрзување на проширувањето. Ова е прв самит ЕУ-Западен Балкан што се одржува во земја од регионот, која не е членка на ЕУ.

 

М. Дивитарова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе