Вести Економија

Лукаревска: Не треба да носиме проблематични решенија

Прогресивното оданочување ќе биде воведено, но тоа не треба да биде избрзано решение, рече директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во вечерашната Топ Тема на Телма. Вели дека кога ги направиле првите анализи, увиделе дека ефектот од таквиот модел, со две прогресии кој требаше да биде воведен, не би бил позитивен.

Ние кога ја направивме анализата за структурата на Данокот на личен доход, увидовме тогаш дека имаме најголем раст кај страната на платите, и исто така на пригодите кои што ги имаат граѓаните во однос на игрите на среќа. Дали ефектот од прогресивното оданочување тогаш бил позитивен, сметам дека не. Затоа во иднина треба да направиме соодветна дистинкција, и да го одбереме најдоброто, но не да биде избрзано. Затоа и се укинува прогресивното оданочување, тврди Лукаревска.

Вели дека треба да биде донесено нешто кое што ќе помине во рамки на дебата во која сите страни ќе бидат слушнати.

Можеби се згреши во делот на прогресијата, тоа сме го разговарале повеќе пати, можеби се погреши што не се отвори соодветна, долготрајна дебата за да се види кое е најсоодветното решение за прогресивното оданочување. Дека праведноста е заштитен знак на прогресивното оданочување, тоа е така, вели Лукаревска.

Не се согласува со критиките во јавноста дека долгонајавуваната даночна реформа се сведе само на козметички промени.

Ова е предлог на даночна реформа, која што ја стартувавме на крај на август. Ги слушнавме, да речам, сите релевантни фактори и сугестиите, тој и самиот напомена неколку пати дека може ништо од ова да не влезе во имплементација, може да влезе поголем дел, може да влезе помал дел, може да има видоизменети мерки, само ќе бидфат направени во рамки на претходни дебати, тврди таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе