Вести Економија

И од утре ЕСМ ќе купува струја и тоа авансно

И од утре ЕСМ ќе купува струја и тоа авансно. За само четири дена електрани ќе потрошат близу 6 милион евра   електирчна енерегија.  НО дали со новоите потрошувачи кои од утре треба да добиваат субвенцинирана струја ќе се отвори потреба за поголеми  набавки на стуја, од ЕСМ нема одговро. Од валадата пак  се надеваат дека ТЕЦ Неготино и Осломеј ќе  проработата и ќе се намали потребата од увоз.

За првит четири дена од декември ЕСМ  ќе потрошат близу 6 милиони евра за набавка на 15,760 мегават часови електрична енергија. На сајотот на ЕСМ повторно ги нема податоците за набавките. Последната објава е од 27 ноември. Телма  испрати прашања до компанијата за кого  ќе биде наменета оваа струја, дали со новите потршувачи кој ќе бидат дел од ЕСМ Продажба во следниот период ќе се отвори простор  за поголеми набавки и каква е постапката ,  затоа  што  постојано во извештаите  за набавка на струја,  се вртат едни исти имиња на фирми. Но,  одговор од таму нема.

Набавката на овие  нови  количини електрична енергија  се поклопуваат  со  стартувањето на  владината мерка за субвенционирана струја за компаниите кои произведуваат основни прехрамбени производи. За  овие фирми цената на  струја од утре треба да изнеусва 80 евра за мегават час, но субвенционирана струја ќе има и за основните и срени училишта и тоа по цена од 95 евра за мегават час и за водостопанство.  Од Владата пак се надеваат дека   ТЕЦ Олсомеј и Неготино, повторно ќе бидат  вратени на мрежа и со тоа потребата од увоз на  струја ќе се  намали.

Во меѓувреме цената на берзите со нов скок. Стигна до близу 400 евра. Ова е највисоката цена по која се тргува во последните два месеци.

Првиот човек на  ЕСМ , Ковачевски пред извесно време рече за набавки на струја за декември обезбедени се 25 милиони евра. За оваа намена за ноември  пак беа потрошени над 20 милиони евра.

Од друга страна на регулираниот пазар се уште се наоѓаат потрошувачи, големи фирми  на кои не им е местото таму. Соглансо одлуката на Владата тие од први треба да се вратата на отворен пазар  и да купуваат електирчна енергија по берзанска цена. Од ЕВН веќе ги известиле сите институции  дека  овие потрпшувачи мора да си најдат снабдувач. Со тоа повеќе нема да користата електирчна енергија за домаќинствата, но останува неизвесно дали ќе одговараат за тоа што со месеци користат субвенцинирана електрична енергија.

 

Ирена Чачкова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Ѓорчев: СДСМ и ДУИ заедно владееа, заедно треба да одат во избори

Дејан Дејан

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе