Вести Економија Македонија

ЕСМ ги троши последните количини гас за топланите Исток и Запад, нова набавка засега нема

ЕСМ ги троши последните количини на гас кои ги има на располагање за непречено функционирање на топланите Исток и Запад и снабдување на скопјани со топлинска енергија.

Гасот наменет исклучиво за топланите беше купен кон средината на месецот беше наменски и за периодот до 30 ноември односно до среда.

Засега нема нова набаква на гас за двете скопски топлани а од ЕСМ  без прецизен одговор дали кога и колку гас ќе набават.

„ Гас и средства има на располагање и нема да има никакви проблеми за испорака на парно греење“ – тврдат од ЕСМ.

ЕСМ на 12 ноември соопшти дека купи гас со кој ќе се покрие производството на топлинска енергија до крајот на месецот и дека набавките ќе продолжи да ги прави за покуси временски периоди за да се искористи падот на цената на енергенсот.

Планот на државната компанија беше и да се користи дизел горивото како примарен енергенс за затоплување на домовите иако беше најавено како тест период од десетина дена.

Имено ЕСМ побарале дизел горивото да биде основното гориво за произвеодство на топлинска енергија но министерството за животна средина не даде дозвола и го одби барањето.

Освен дизелот, топланите Исток и Запад со кои раководи ЕСМ не може да користат ниту мазут, иако во дозволата овој енергенс стои како опција бидејќи немаат филтри на оџаците.

Од екологија апелираа државната компанија да користи гас за производство на топлинска енергија бидејќи е достапен на пазарот и е најмалку штетен по животната средина и здравјето на граѓаните.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Комарците ќе касаат без контрола ако нешто не се преземе – Град Скопје поништил дел од тендерот за прскање

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе