Вести Економија Македонија Најважни

Ќе останат ли скопјани без парно? Количините на гас се при крај!

Животна средина не дозволи ЕСМ за загревање да користи дизел и мазут. Државните електрани побарале наместо гасот, дизелот да биде основно гориво за производство на топлинска енергија, но од Министерството за животна средина експресно го одбиле барањето. Освен дизелот, топланите Исток и Запад не може да користат ниту мазут, иако во дозволата овој енергенс стои како опција. Од министерстово за Телма појаснуваат дека ваква одлука донеле затоа што овие топлани немаат филтрациски систем, а гасот го има на пазарот. Повторно апелираа додека е присутен да се користи за греење за да се заштити и животната средина, и здравјето на граѓаните.

Нема измена на дозволата и додека има гас треба да се користи  за загревање. Апсолутно потребно е да се користи гас затоа што има доволно, има можност да се набави гас и да се употребува гас. Ако користи мазут мора  да се почитуваат законски пропишаните граници на емисии на штетни материи, вели за Телма Насер Нуредини, министер за животна средина.

Од министерството објаснуваат и дека кога се прави измена во дозволата за употреба на друго гориво, процедурата е како да се вади нова и процесот трае 90 дена.

И дел од експертската јавност досега неколку пати побара надлежните да ги направат сите напори  и да се обезбеди гас за затоплување, затоа што топланите се во населени места, и ако се користи мазут, или дизел, загадувањето значително ќе се зголеми.

Од ЕСМ ги прашавме што ќе преземат за да има непречена испорака на топлинска енергија, затоа што гас имаат за уште пет дена, но одговор од таму нема.

Инаку , државните електрани на средината на ноември набавија гас за до крајот на месецов. Откако почна грејната сезона се купуваат  количини кои се доволни за краток период, односно за две  недели. Образложението од надлежните е дека во моментов таквиот начин на набавка е подобар.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

ДУИ смислија ново правило за влез во влада по секоја цена?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе