Вести Економија Најважни

Бислимовски уверува: Праговите на блок тарифите на струја за домаќинствата нема да се менуваат

Промени во блок тарифите за потрошена струја на домаќинствата нема да има, тврди првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бисломовски. Иако, министерот за економија Бектеши смета дека уште еднаш треба да се анализираат, а кај четвртиот блок да има измени, Бисломовски вели дека вака утврдените граници на потрошувачка на струја за домаќинствата досега дале резултати и нема потреба да се прават промени. Поплаки од одредена категорија на граѓани за сметките има, но бргу се реагирало.

„Се постигна ефектот да се натераат домаќинствата да ја намалат потрошувачката на струја. И промени во блок тарифите во делот на киловат часовите нема да има, затоа што резултатите досега се добри“, вели Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Од 1 јанаури треба да се донесе нова цена на струјата за граѓаните, но Бислимовски уверува промена нема да има, се додека не се направи добра анализа.

Во меѓувреме, спасот од високите трошоци за струја се бара во фотоволтаиците. Досега РКЕ има издадено повеќе од 200 лиценци за производство на струја од фотоволтаици, а следната година се очекуваа оваа бројка да биде уште поголема.

„И некаде е тоа околу 100 мегавати, односно како производство на струја за 27.000 домаќинства, трендот ќе продолжи и догодина“, додава Бислимовски.

Во моментов сите оние кои трошат до 210 киловат часови влегуваат во првиот блок, до 630 се во вториот, оние со потрошувачка до 1.050 киловати се во трет, а над овој износ влегуваат во последниот, односно четврти блок. Надлежните уверуваат дека случувањата во енергетскиот сектор нема да влијаат врз цената за домаќинствата, но догодина ДДВ-то за електрична енергија ќе се зголеми од 5 на 10 проценти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе