Вести Економија Најважни

Предлог-буџетот за 2023 на владина седница

Предлог буџетот за наредната година денеска е на владина седница. Минатиот месец во колумна министерот за финансии Фатмир Бесими најави дека буџетскиот дефицит ќе продолжи да се стеснува и со новиот буџет за 2023 година, со што се оди со постепена фискална консолидација.

Во колумната, Бесими посочува дека догодина доспеваат и стари обврски во износ од 800 милиони евра, меѓу кои и еврообврзницата од 450 милиони евра издадена од 2016 година. Каматите за наредната година изнесуваат околу 240 милиони евра, или вкупно доспеаниот долг заедно со каматите надминува милијарда евра.

– Сепак, имајќи ги предвид сите мерки кои ги планираме во насока на фискална консолидација, ние остануваме на патеката на постепено намалување на дефицитот. Согласно контурите на буџетот за следната година, фискалниот дефицит постепено се стеснува, за да одговори на среднорочните таргети. Очекувањата за следната година се буџетскиот дефицит да се намали во однос на оваа година, со што ќе продолжиме веќе трета година по ред со намалување на дефицитот по 2020 година, односно по ковид-кризата, пишува Бесими во колумната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште пет дена кампања пред двојните избори на 8ми мај

Дејан Дејан

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе