Вести Економија

Претстои неизвесна зима, порачува бизнис секторот

Бизнис секторот повторно во грч, поради најавата за ново покачување на струјата по Нова година. Ангел Димитров од Организација на работодавчи вели дека во моментов цената на струјата на светски берзи е добра за компаниите и се движи од 250 до 150 евра. Но, според него потребно е Владата да направи добра анализа за секторите во стопанството, на кои би им требало помош при голем скок на струјата по новогодишните празници.

Во моментов компаниите на мали или големи се делат според потрошувачката на струја. Според Кирил Нашков од штипскиот текстилен кластер секако дека ќе биде потребна помош, но се зависи и од тоа колку државата е моќна да помогне. Во мометов имаат нарачки од странските партнери, но цената се менува на месечно, а не на годишно ниво, во споредба со лани.

Цената на струјата на берзите постојано се менува, во споредба со лани се повисоки за пет до седум пати, што директно влијае на ликвидноста на фирмите.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Идентификуван и пронајден е 19 годишникот кој вчера прегази 3 годишно девојче во Визбегово и избега

Дејан Дејан

ТЕЛМА СТОРИЈА: Битка за Куклица – Кој ја контролира „веселата свадба“

Дејан Дејан

Без нови првачиња и шестоодделенци во ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, училиштето постепено ќе се затвора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе