Вести Економија Топ вести

Општините „контра“ Владата – гласни критики за забраната за претпријатија за јавно осветлување

Општините бараат Владата да ја укине вчерашната одлука за забрана на локалните самоуправи, да формираат претпријатија или фирми за јавно осветлување. Реагираат дека одлуката е политичка, а крајната цел е да се спречи општините предводени од опозицијата да управуваат со јавното осветлување. Од Владата ја бранат одлуката за да нема злоупотреби, а од општините реагираат дека така им се ускратува можноста да заштедат некој денар, среде голема криза.

  • „Како би функционирало тоа?! Има општини коишто се пред потпишување на договори за преземање на обврските за плаќање на електричната енергија за уличното осветлување преку јавни претпријатија коишто се во процедура, а некои општини таа процедура веќе ја поминаа и веќе ги користат тие услуги. Тука се ставени во нерамноправна положба и не е позитивен моментот“ – Александар Стојкоски – Градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Од Општина Кисела Вода, велат дека ќе го почитуваат само Законот за енергетика кој за нив е јасен и според градоначалникот Ѓорѓиевски – нема потреба од други интервенции. Дел од оштинските власти се на став дека не можат да ги покријат трошоците за струја доколку се принудени да обезбедат струја на слободен пазар. Според градоначалникот на Општина Петровец, Митевски, сметките за струја „го јадат“ буџетот за капитални инвестиции и инфраструктурни проекти.

  • „И покрај тоа што барем 50% од светилките ги заменивме и ставивме штедливи, нам сепак сметките за струја од 380 илјади денари нѝ се качија на 1.100.000, 1.200.000 денари. Тоа буквално значи дека секој месец, Општина Петровец може по една улица помалку да прави. Има други општини коишто немаат заменето светилки и тие се наоѓаат во многу полоша финансиска состојба. Ако остане вака како што е сега, тогаш општините ќе се наоѓаат во уште понезавидна положба“- Борче Митевски – Градоначалник на Општина Петровец.

Од Владата и денеска со иста порака. Постојат сознанија за злоупотреби и на тоа се базира одлуката, вели Ковачевски.

  • „За да се спречат злоупотреби и манипулации за што имаме сознанија, при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, донесовме одлука со којашто на општините и на Град Скопје им се забранува да основаат јавни претпријатија, друштва со ограничена одговорност или акционерски друштва за вршење на дејност од јавен интерес – јавно осветлување“ – Димитар Ковачевски – Претседател на Владата на РС. Македонија.

Во меѓувреме, училиштата имаат рок до први декември да склучат договор со ЕСМ продажба, за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а за иста цена струја ќе има и за комуналните претпријатија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе