Вести Економија Топ вести

Цените на прехрамбените продукти ќе паѓаат по Нова Година

Цените ќе паѓаат  по Нова Година. За  најмалку 10 проценти се очекува да поевтинат месото ,лебот,  млекото, сирењето и тоа  откако  прехрамбените компании се изборија за поевтина струја. Еден мегава од декември  ќе го плаќаат  околу 80 евра.  Од мелничко- пекарската индустрија велат дека ваквата мерка, плус ограничените маржи  ќе созададат услови на пазарат за  да намалување на цените во маркетите.

  • Кога ќе се имплеметира мерката ќе почнеме да калкулираме трошоци за стурја кои дефинитивно ќе се намалат и тогаш ќе има стабилизација и намалување, од минимум 10 проценти. Околу нова година после нова година првите бенефити за грашаните и за компаниите. Лебот на пазарот зависи од квалитетото и грамажата се движи од 35 до 50 денари ако се намалиле 10 проценти на овие цени, за класичниот бел леб тоа значи дека тој од 50 би бил 45 тие другите 35, вели за Телма Горан Малишиќ, мелничко-пекарска индустрија.

Бизнсиот  е задоволен што ќе добие  поевтина струја , нешто  што го бараа подолго време. Но,  велат дека за да има поголеми поевтинувања кај производите, потребо е да се интервенира и со други мерки. Поради ескалација на воениот конфликт во Украина , житните култури  се под нов ценовен удар и има опасност од нивно понатамошно  поскапување.

  • Инсистиравме тука да биде и активирањето на стоковите резерви, со ниска цена на пазарот со што ќе добиеме ниска влезна суровина и тогаш ќе се добие уште пониска цена на финалните производи, вели за Телма Горан Ѓеорѓиевски агробизнис комора при ССК.

Бизнсиот уште  во јули месец побара пакет помош . Иако, требаше да се донесе до крајот на окотмври,  засега одлуката е да им се помогне на фирмите само со поевтина струја. Властите  предупредија дека ако компаниите после оваа мерка не ги намалат цените, ќе мора да се оди со нивно целосно замрзнување. Инаку,  растот на цените во изминатите месеци ја вивна и инфлацијата, која достигна речиси 20 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе