Вести Економија Најважни Топ вести

Кадри од администрација се ставаат на раководни позиции во новите фирми за испорака на парно на државната ЕСМ

Правник, поранешен директор на Управата за водење матични книги, според Владата и ЕСМ е најкомпететнет за да ја води ЕСМ дистрибуција, односно најдобро ја познава топловодната мрежа поставена во Град Скопје, го познава процесот на производство,  можните дефекти, како и функционирањето на потстаниците.

Бујар Дардишта е назначен на чело на ова претпријатие на државните електрани. Во негово време во 2019 година, кога беше директор на Управата за водење на матични книги, државниот ревизор утврди дека биле издаени над 20.000 погрешни изводи. Иако, се обидовме да добиеме одговор од Дардишта дали тој како правник ќе може да се носи со тежнината на оваа претпријатие, не добивме. Инаку, тој во ЕСМ Дистрибуција доаѓа на местото на Менка Јовановска, дипломиран машински инжењер.

Според познавачите, на вакви позиции на новите фирми на ЕСМ треба да бидат поставени стручни лица, затоа што станува збор за сложен систем.

Пожелно е покрај менаџерски способности раководните лица на новоформираните фирми на ЕСМ, да имаат и технички познавања од системот за топлификација. Ако луѓето во БЕГ  работеле подолги години на оваа проблематика, или во стара Топлификација, подобро би било луѓето од таму да се земат,  затоа што тие  имаат искуство во работата,  бидејќи станува збор за сложен, но и стар систем кој е тежок за одржување, вели за Телма Ристо Цицонков, професор на машинскиот факултет.

Инаку , ЕСМ Дистрибуција управува со топловодната мрежа. Задолжено е да ги санира сите дефекти, да врши редовни контроли во потстаниците и да врши квалитетна и сигурна испорака на топлинска енергија до потрошувачите.

Oд ЕСМ пак тврдат дека тие преку огласи вработиле стручен кадар во минимален број потребен за добивање на лиценците. Велат дека тоа се вработени кои и досега работеле  во БЕГ, а претходно во  Топлификација. Од компанијата уверуваат дека дополнително ќе се преземат и други луѓе, а дел од задачите ќе се вршат со кадар вработен во подружниците на ЕСМ.

Во ЕСМ дистрибуција планот е да се вработат 144 лица, во Снабдување 88, а во дејноста производство 94. Според информациите на Телма, од поранешно БЕГ производство, во сегашната фирма на ЕСМ Продажба, преземени се само дел од вработените, за 25  лица состојбата сѐ уште е неизвесна.

Инаку, ЕСМ го презема парното греење, отако БЕГ ги загуби трите лиценци.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе