Вести Економија Топ вести

Во ТИРЗ за пет години доделени 75,5 милиони евра државна помош, нотираат ревизорите

За пет години, во периодот од 2017 до 2021 година, Дирекцијата за Технолоши индустриски развојни зони – ТИРЗ има доделено државна помош од 75,5 милиони евра, од кои директно од Буџетот се исплатени 37,5 милиони евра, а 38 милиони се даночните и царинските ослободувања, констатира Државниот завод за ревизија, странските инвестиции во ТИРЗ имаат позитивно влијание за стопанството и тоа преку воведување на нови производства и бизниси кои можат да привлечат и други компании во ТИРЗ, намалување на невработеноста, пренесување на знаење за нови технологии во производството и корпоративното управување.

Сепак ревозирите оценуваат дека иако доделувањето на државната помош е регулирано со комплексната законска регулатива, одредени правни одредби не се прецизни, не се донесени подзаконски акти, а распределените надлежности во неколку државни органи, ја отежнуваат контролата и координацијата и не овозможува целосен увид во вкупно доделената државна помош по корисник во државата.

Државата има формирано 14 Технолошко индустриски развојни зони, во периодот на ревизијата осум биле во функција, а во нив вкупно се вложени околу 100 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

Дејан Дејан

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

Дејан Дејан

Еден загинат и повеќе повредени во руски напад врз Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе