Вести Економија Топ вести

Фон дер Лајен од Скопје го почнува презентирањето на пакетот за помош на регионот

По три и пол месеци претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре повторно доаѓа во Македонија. Овој пат за презентирање на пакетот за енергетска поддршка за регионов од Унијата кој пред десетина дена го најави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи. Од Европската комсија засега не се откриваат обемот на пакетот, но медиумите во регионот веќе објавија информација дека станува збор за пакет тежок една милијарда евра од кои половина од сумата би била за заедничка регионална оддршка, а другите 500 милиони евра би биле распределни поединечно по шесте земји од регионот.

Но она за што Фон де Лајен утре во Скопје ќе разговара со македонската влада е и последниот Извештај за напредокот на земјава за пристапување на земјава во ЕУ, но и  послендниот документ на Европската комисија за пакетот за проширување, објавен на 12 октомври.

За Македонија во делот на документот – Темели, за македонското собрание се наведува дека и покрај тоа што е форум за политички дијалог тоа е погодено од политичка поларизација и активна блокада од страна на најголемата опозициска партија. Во документот за пакетот на проширување, кој е извесно дека ќе биде тема на разговор на претседателката на Европската комисија со македонскиот државен врв, кој заедно со неа утре вечер кај шефот на државата ќе седне на работна вечера, се наведува и обврската на владат и на собранието за уставни измени.

“Парламентот и владата се обврзаа да започнат и да ги реализираат како приоритетни соодветните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат и граѓаните кои живеат во границите на државата”, се наведува во документот.

Но ако се знае дека Фон дер Лајен за ова ќе разговара со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, шефот на дипломатија, Бујар Османи, од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ нема информација дали таа ќе има одделна средба и со нејзиниот лидер, Христјан Мицкоски.

Фон дер Лајен која во земјава ја стартува својата западнобалканска турнеја извесно е дека на дневен ред освен пакетот помош за справување со енергетската криза и за пакетот за проширување, ќе разговара и за војната во Украина.

“Пораката генерално ќе биде дека ЕУ е солидарна со земјите од регионот и дака ЕУ е посветена на овие земји и особено кога станува збор за програмите кој ќе ги зголеми инвестициите во регинот и да продолжиме да работиме со регионот како целина на сите стратешки предизвици со кои се соочуваме и секако предизвикот на руската инвазиија врз Украина. Сигурен сум дека ќе има неколку теми за дискусија“, најави портпаролот на ЕК Ерик Мамер.

За војната во Украина очекувањата се Фон дер Лајен клучната порака да и ја испрати на Србија за време на посетата на Белград – таа да почне да ги спроведува санкции кон Москва следејќи ја заедничката европска безбедносна и надворешна политика.

Од Скопје Фон дер Лајен в четврток патува за Приштина.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе