Вести Економија Топ вести

ЕУ граѓаните ќе ги чекаат мерките за заштита од енергетската криза уште цел месец – европските лидери никако да се договорат

Земјите-членки на Европската Унија за еден месец ја одложија одлуката за надминување на големите разлики во однос мерките за заштита на граѓаните од енергетската криза.

Министрите за енергетика на ЕУ на денешниот состанок донесоа одлука на Еврокомисијата да и се наложи да подготви предлози што би биле подготвени за усвојување на вонреден состанок закажан за 24 ноември.

Независно што не е донесена техничка одлука, претседавачот со состанокот, заменик-премиерот на Чешката Република, Јозеф Сикела, истакна дека постои консензус кај земјите-членки за потребата од заедничко обезбедување на Унијата со гас, како би се избегнале меѓусебни несогласувања при набавките на енергенсот.

На минатонеделниот самит на ЕУ не беше постигнат договор за мерките, но учесниците тврдеа дека постои чувство на заеднички интерес по тоа прашање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе