Вести Економија Македонија Најважни

Се очекува ЕСМ попладнево да соопшти колку фирми доставиле понуди за набавка на гас

ЕСМ попладнево се очекува да  соопшти колку фирми доставиле понуди за набавка на гас. Денеска е последен  ден,  кога државните електрани треба да ја комплетираат  документацијата од сите заинтересирани  компании.

Се очекува да се јават  фирми од земјава, но и од странство. Ако има понуда која е прифатлива за ЕСМ, договорот ќе биде потпишан следната недела. Се бараат нешто над 250 милиони кубни метри гас, за да може да работат двете топлани Исток и Запад, но и ТЕТО.

Доколку ниту една од понудите не е прифатлифа, во тој случај од државните електрани уверуваат  дека се прават подготовки топланите  веднаш да можат да почнат со работат  на дизел.

Во меѓувреме се трошат последните количини на гас, кој ЕСМ ги набави пред почетокот на  грејната сезона.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десетдневен прекин на дел од железничкиот сообраќај кон Велес, Битола и Гевгелија

Дејан Дејан

Размена на оган во јужен Либан и покрај примирјето меѓу Израел и Хезболах

Дејан Дејан

Пожар во хотел во Доминиканската Република, евакуирани речиси 1.700 туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе