Вести Економија Македонија

ЕСМ во очекување на понуди за набавка на природен гас

На само неколку дена пред да бидат потрошени последните количини на гас, ќе се знае дали топланите во ноември ќе работат на овој или, пак, на друг енергенс. ЕСМ сè уште ги чека понудите за набавка на природен гас. До крајот на утрешниот ден очекува да се јават фирми од земјава, но и од странство. Доколку има добра понуда, договорот со компанијата ЕСМ би го потпишала следната недела. Се бараат 255 милиони метри кубни природен гас за период од шест месеци, за да можат  да работат двете топлани, но и ТЕ-ТО.

„Очекуваме во текот на утрешниот ден да стигнат повеќе понуди. За утре е најавена и понудата од ПЕГЕо од контактите од опозицијата. Веќе е контатирано и со Макпетрол, очекувам дека и Макпетрол ќе се појави со понуда и доколку има и други сите ќе се разгледаат. Основен критериум ќе биде најниска цена, секако со гаранција дека количините ќе бидат испорачани. Во текот на следната недела, најверојатно од вторник, да се склучат договори, затоа што веќе се ближи 1 ноември“, вели Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.

Ако евентуално ниту една од понудите за ЕСМ не е прифатлива, Ковачевски уверува дека се прават сите подготовки топланите да можат веднаш да почнат со работа на дизел гориво.

„Не треба да се грижат граѓаните на Скопје. Прашањето е дали тие ќе работат на гас или на дизел. Се подготвуваме и ако нема можност да се испорача природен гас, тогаш втора варијатна е дизелот. Направени се сите подготовки за дизел пумби, ако успееме да го набавиме добро, доколку не имаме и државни резерви. Има доволно време, сите вработени ги прават сите напори и пред 1 ноември ќе бидете подготвени, додава, Ковачевски.

Пред стартот на грејната сезона, ЕСМ набави гас само за до крајот на месецов.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе