Вести Економија Македонија Најважни

Банките предупредуваат: Рецесијата тропа на врата, економската активност ќе се намали, каматите ќе растат

Банкарите со сериозно предупредување. Рецесијата тропа на врата. Сите параметри покажуваат дека кризата ќе се продлабочува. Економската активност ќе се намали, а каматите на кредитите ќе растат. Народната банка се очекува да продолжи со механизми кои треба да ја успорат инфлацијата која што е близу 20 проценти.

„Сите економски придвижувања покажуваат дека следната година ќе има рецесија и има значајно зголемување на каматните стапки и сето тоа ќе влијае на кредтината страна. Очекувањата се дека и европската ценѕтрална банка ќе ги зголемува стапките и тоа ќе се транферира и преку нашата банка“, вели Нина Недановска, заменик претседателка на Управниот одбор на Шпаркасе банка.

Властите, пак, за сега против оваа криза се борат со ограничување на маржите, мерка која до сега и не помогна многу да се стопира растот на цените. Дали ќе се делува и со други механизми, вицепремиерот Битиќи рече само дека се разговарало и за други опции, без да прецизира за што станува збор, но и дека состојбата се следи.   

„Ние вчера на Влада разговаравме за одредени можеби неконвенцијални или непрактични мерки, а тоа е како евентуално преку интервенции да го прекинеме овој синџир на зголемување на цени. Една од мерките која најверојатно ќе ја дадеме, а тоа е сите производствени капацитети, особено во прехраната да влезат на регулираниот пазар со пониска цена на електрична енергија, за електричната енергија да не влијае дополнително на понатамошно зголемување“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за европски прашања.

За ублажување на инфлацијата, НБРМ од почетокот на годинава неколку пати направи корекција на каматната стапка на благајничките записи. Со последната промена таа изнесува 3,5 проценти. Целта е да се натераат банките ликвидните средства да ги чуваат кај Централната банка, наместо да ги пласираат во кредити. По таквиот чекор на НБРМ, на потег се комерцијалните банки, дали и за колку би ги зголемиле каматите на кредитите, но и на депозитите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе