Вести Економија Македонија Најважни

ЕСМ и Адора постигнаа договор, скопјани од 15 октомври ќе имаат парно

Адора и ЕСМ постигнаа договор за топланите Исток и Запад, дознава Телма. Договорот меѓу двете компании ќе важи од 1 октомври до 30 април наредната година.

Склучен е договор за закуп до крајот на грејната сезона. Според информациите на Телма, по разговорите задоволни излегле двете страни, а во меѓувреме, ако Адора достави и понуда за купопродажба на топланите до ЕСМ, истата ќе се разгледува и одлучува по неа во наредниот период.

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје. Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23г. Закупнината е дефинирана според постоечката цена утврдена од РКЕ. Двете компании покажаа општествена одговорност и свесност за моментот во однос на потребите на граѓаните на Скопје и постигнат е договор сите прашања кои претставуваа предмет на дискусија да се апсолвираат во следниот период, соопштија од ЕСМ.

По постигнатиот договор со Адора, од утре ЕСМ ги става на располагање сите капацитети и од 15 октомври ќе го вклучи парното греење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Дејан Дејан

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Дејан Дејан

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе